Албанската влада го поддржала грчкиот предлог за ново обновување на петгодишниот Договор за пријателство, соработка, добрососедство и безбедност меѓу Грција и Албанија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

АНА-МПА пишува дека конкретниот Договор двете земји го потпишале во 1996 година со првично времетраење од 20 години, во 2018 година бил обновен за период од пет години, односно до 2023 година.

-Во пресрет на истекувањето на ова обновување, двете страни се согласија да го обноват за уште пет години, пишува грчката новинска агенција.