Жестоки полемики во медиумите во Косово и целиот регион во врска со една анализа на Академијата на науките на Косово, објавена на 39 страници. Во документот се зборува за идејата за поделба на Косово и се нагласува дека актуелниот претседател на ДУИ Али Ахмети, кој во 2001 година беше водач на Ослободителната национална армија, дал поддршка за поделба на Косово.
Според документот цитиран од косовски „Национал“, наречен „дестабилизирачки намери на Србија на Косово и на Западен Балкан“, Али Ахмети бил „еден од албанските лидери во Северна Македонија кој мирно би ја прифатил поделбата на Косово“, а притоа не бил барал да се приклучат кон Косово или Албанија.
Според анализата на косовската академија, Али Ахмети бил донекаде резервиран околу идејата за прекројување на границите, која во 2018 година беше актуализирана од поранешниот претседател Хашим Тачи. Ахмети целата оваа иницијатива на Тачи ја опишал како „медиумска дебата“, нагласувајќи дека е потребна демаркација на границата со Србија. Академијата дури го обвинува Ахмети за дефакторизирање на Албанците во С Македонија после Договорот од Преспа. Во анализата се вели дека Албанците веќе не се релевантни, особено во надворешната политика, иако во моментов министер за надворешни работи е Бујар Османи.