Наталитетот во Албанија и понатаму опаѓа, што доведува до брзо стареење на населението.
Според податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, во третиот квартал годинава се регистрирани 6.172 раѓања, што бележи намалување од 19,6 отсто. Во споредба со истиот период минатата година во земјата имало 1.508 новородени помалку.

Advertisements

Во извештајниот период во шест окрузи има позитивен а во останатите шест негативен природен прираст.

„Во третото тримесечје 2022 година, округ со најголем природен прираст е Тирана, со 928 повеќе родени од умрени, тоа е поврзано и со фактот дека има најголем број жители. Округ со најмал природен прираст е Корча, со 139 повеќе смртни случаи отколку раѓања“, наведува ИНСТАТ.

Округ со најголем број новородени е Тирана со 2.172, додека округ со најмал број е Ѓирокастро со 90 бебиња.

Експертите оваа појава ја објаснуваат со повеќе фактори, како што се иселувањето на младите, економската неможност и зголемувањето на возраста за брак.

Официјалните податоци покажуваат дека, во 1990 година, просечната возраст на населението била 26 години, а во 2014 година 35 години.

Во меѓувреме, најновите податоци на Европската агенција за статистика Евростат покажуваат дека на крајот на 2021 година просечната возраст на населението е 38,2 години, иако Албанија сè уште е дел