Стеф Кари го повреди рамото на гостувањето кај Индијана Пејсерс и го напушти теренот со болна гримаса на лицето. Снимките кои ги направи по мечот не донесоа добри вести за Голден Стејт Вориорс.

Advertisements

Актуелниот НБА првак ќе мора без својата прва ѕвезда најмалку до крајот на јануари. Одличниот шутер е главен виновник за успесите на „воините“ во изминатите години.

Почетокот на тековната сезона не е задоволувачки за тимот на Стив Кер, кој сега ќе мора да го подобрува скорот без својот најдобар играч. Проблем за Вориорси се гостувањата, на кои има далеку полош скор во однос на домашните натпревари./Gol.mk/

Прикажи повеќе