Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во Тетово се сретна со чешкиот амбасадор во Скопје, Јарослав Лудва.
Претседателот Ахмети и амбасадорот Лудва главно разговараа за интеграцијата на земјата во обединета Европа и петте приоритети кои ги објави Ахмети.
„Уставните измени и продолжувањето на европскиот пат е приоритет над приоритетите на Ахмети, Демократската унија за интеграција и Албанците, но тоа треба да биде приоритет за сите.
Ветингот за политичари, судии и обвинители со меѓународен мониторинг, проверка на богатството и имотот ма сите носители на јавни функции, истрагата за приватизацијата и олигархијата креирана од тој процес, се предуслови за неселективно владеење на правото и стопирање на политички лов на вештерки со партиска пропаганда“, соопшти ДУИ.
„ДУИ не е заинтересирана да биде дел од владата, но ќе продолжи да алармира дека на власта и недостасува етнички легитимитет и тоа ги прави владините одлуки моноетнички.
Претпочитаните и преференцијални Албанци предизвикуваат непоправливи последици
Северна Македонија е мултиетничка земја и има потреба од хармонија меѓу двете мнозински заедници, Албанците и Македонците. Взаемното почитување е почетна точка за стабилност, стабилност, безбедност и одржлива иднина на земјата.
Системското кршење на Охридскиот договор од страна на Владата и Уставниот суд е неприфатливо и е алармантно за општеството и мултиетничкиот карактер на државата“, се додава во соопштението на ДУИ.