Шефот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за КосоваПрес вели дека не сакаат да се коцкаат со интеграцијата на земјата во Европската унија.
-Тoa и се случи, со нашето влегување во владата овие дилеми се расчистија, имаме ново мнозинство со 64 пратеници и државата гледа кон 2022 година во обид да ги реши овие енергетски и здравствени кризи, но она што е многу важно е дека сме многу блиску до отворањето на преговорите со ЕУ. Jануари, февруари или почетокот на март се месеците кои се навистина многу клучни за нас, отворањето на преговорите за нас би била брилијантна вест. Затоа, мислам дека Алтернатива не сакаше да ја стави оваа голема можност односно да дозволи коцкање со државата, со Албанците и регионот, вели претседателот на Алтернатива.
Гаши вели дека кај албанскиот партнер во власта, односно кај Демократската унија за интеграција се обединува интересот за Албанците.
-Главно водевме преговори со СДСМ, но имав средби и со господинот Ахмети, кој е другата албанска партија во владата. Сакав ова вклучување во владата да не се гледа како внатрешна битка на Албанците, изјави Гаши.