Додека милиони жени и деца бегаат од Украина соочени со руската агресија, расте загриженоста за тоа како да се заштитат бегалци од трговците со луѓе, или да станат жртви на други форми на експлоатација.
Низ Европа, вклучително и пограничните земји, Романија, Полска, Унгарија, Молдавија и Словачка, приватни граѓани и волонтери ги пречекаа и им понудија помош .
Им се нуди бесплатно сместување и превоз, но и можности за вработување. Но, има и многу ризици. Полската полиција уапси 49-годишен маж под обвинение за силување, откако тој нападнал 19-годишна украинка бегалка која ја завел со понуди за помош преку интернет.
„Има многу многу опасни предлози од различни луѓе. Може да ни понудат бесплатна помош, да не однесат каде било, да имаме стан, храна, да имаме бесплатна медицинска помош, но тоа не е точно. Мојот пријател ми рече дека треба да комуницирам само со официјални лица, рече Ирина Пипипенко, бегалка
Полицијата во Берлин ги предупреди жените и децата на руски и украински со постирање на социјалните мрежи, да не прифаќаат понуди за ноќевања и ги повика да пријават се што е сомнително.
„Како што можете да видите овде многу Романци беа мобилизирани, и јас сум многу горд, но ризиците за овие семејства се многу високи, рече Андреа Бујор, директор на „Ворлд визион Романија“.
Трговијата со луѓе е сериозно кршење на човековите права, и може да вклучи широк опсег на експлоататорски злоупотреби. Од сексуална експлоатација – како што е проституцијата – до принудна работа, од домашно ропство до продавање на органи и принуден криминал, тоа често го вршат трговците со луѓе преку принуда и злоупотреба на власта.
Извештајот за трговија со луѓе од 2020 година на Европската комисија, проценува дека годишниот профитот од трговијата со луѓе изнесува 29,4 милијарди евра. /Алсат.мк
Исуф Кадриу