Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последниот период, последната недела две е чисто лицемерие и фаќање приклучок кон процесите коишто ссе одвуваат во државата. Ако вратиме назад можеме да забележиме дека ВМРО-ДПМНЕ беше и против зголемување на минималната плата со образложение дека тоа ќе значело отпуштање на вработени или останување на луѓето на улица без работа. Кога видоа дека и со зголемена плата бројот на невработени се намалува во нашата држава, веќе фаќаат приклучок и тие во последниот период ја поддржуваат минималната плата, наводно ја поддржуваат, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Тој додаде дека во врска со платите на наставниците и стручните соработници во основно и во средно образование тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ уштее еднаш потенцирам дека е чисто лицемерие, чиста дволичност. Една година блокираат Закон во Собрание со кој платите на наставниците и во основно и во средно образование ќе бидат усогласени со порастот на минималната плата.

Митрески истакна дека тоа што десет месеци го прави ВМРО-ДПМНЕ, десет месеци  ја блокираат работата на Комисијата за образование ќе значеше повисока плата и во овој период за наставниците, со порастот сега на минималната плата таа дополнително ќе се зголемува. Сега ВМРО-ДПМНЕ за да фати некаков наводен приклучок пушта нивни предлог-закон со мала измена, мислам или се надевам дека тоа е измена за да направат некаква разлика, а ако не е така тогаш уште еднаш покажуваат дека  не излегле од онаа стара матрица да ги држат вработените во образование, наставниците и во основно и во средно образование под притисок на партијата, односно како што ги и користеле и во минатото за партиски протести, контра протести да ги користат и денес.

Третата работа којашто сакам да ја споменам е нивната наводна грижа за зголемување на пензиите, кога во јавноста се отвора темата пензии. Кога Владата, економскиот сектор во Владата и  економските министри работат со Фондот за пензиско осигурување, работат со сите засегнати страни, кога се отвора и кога сè е јасно и кога се знае дека пензиите ќе растат тие денес покажуваат некаква наводна грижа и пуштаат предлог за покачување на пензиите.

Очекувам дека тоа ќе го прават и во следниот период со други законски решенија, но уште еднаш ќе го покажат новното лиицемерие и нивната дволичност, изјави Митрески.