Според ,,Марка,, решена е иднината на Алваро Мората во Јувентус. Црно-белиот клуб конечно нема да го купи играчот по инвестицијата направена за Влаховиќ и шпанецот ќе се врати во Атлетико Мадрид. Сепак, напаѓачот не е дел од плановите на екипата од Мадрид, кои имаат за цел да го продадат и да ги вратат 35-те милиони евра фиксирани со Јувентус за неговото последно купување.
Најверојатната хипотеза, секогаш според ,,Марка,, е екипата на Арсенал. „Топчиите“ направија обид во последните денови од зимскиот пазар да фо купат Мората и би можеле да го направат истотоко во летниот преоден рок.
Како и да е, на неговата авантура во Торино изгледа и дојде крајот. По се изгледа дека ќе биде клучен месец за Алваро Мората, кој не е убедлив оваа сезона кај цронбелите од Торино.