По снемувањето струја на територијата на Скопје се преземени сите мерки, скопските клиники да проодолжат да функционираат нормално, објави на социјалната мрежа Facebook министерот за здравство, Беким Сали.

„Ја информирам јавноста дека по прекинот на електричната енергија во текот на попладневните часови во Скопје, на Клиничкиот центар во Скопје се преземени сите неопходни мерки за да се избегнат какви било последици во однос на нормалното функционирање. Непречено функционираат и агрегаторите во сите клиники, а здравствената нега кон пациентите не е попречена во ниту еден момент“, напиша Сали.

Потсетуваме дека денеска поради пожар во трафостаница околу еден час во Скопје немаше напојување со електрична енергија.