Денеска во претпопладневните часови се случи немил настан на движечките пешачки-козји патеки низ падините на планината Водно. Имено, како што информираат од Центарот за управување со кризи, жена, движејки се низ патеките поради замрзнатиот терен се лизнала и паднала на делот од патеката од средно Водно кон врв.

Оттаму информираат дека жената се здобила со посериозни повреди односно со скршеница на ногата, а Горска служба по повик од 195 ја имобилизираа и жената е однесена до ургентен центар.

-Со оглед дека се работи за сè уште ниски температури во текот на ноќите а променливи во текот на денот Центарот за управување со кризи укажува на Внимателност во движењето на погоренаведените патеки кон Средно и Горно Водно за љубителите на движењето во природа и при движењето да се носи соодветна опрема и помагала адекватна за посакуваниот движечки терен како и временски услови во кои се движи, искачува и планинари, велат од ЦУК.