Ќе се прави серолошка анализа на целата територија на државата. Тоа во гостување на Алсат телевизија го најави министерот за здравство, Беким Сали.

Анализата според министерот треба да ја покаже реалната бројка на имунизирани. А е потребна и јасна слика за тоа колкав процент од населението го поминал вирусот.

„Сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати, ќе имаме една слика и мислам ќе излеземе пред јавноста да речеме дека според нашите бројки, евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина, но врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин“, изјави министерот за здравство