Преку собраниска процедура ВМРО-ДПМНЕ бара зголемување на пензиите за 20% и усогласување на платите согласно коефициентот на тежина на работните места.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ поднесе законско решение за зголемување на пензиите во висина од 20%.

Од партијата велат дека со тоа ќе им се помогне на пензионерите во периодот на криза, а нивните примања ќе бидат во склад со покачените трошоци за живот.

„Дополнително предлагаме и усогласување на платите со минималната плата и коефициентот на тежина на работните места во јавниот сектор, решение кое го нудиме со амандман на Законот за минимална плата. Со тоа наставниците во основните и средните училишта ќе земаат плата од 45 илјади денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.