Жител на тетовското село Нераште бил фатен како врши јавен превоз на патници без лиценца.

Според информациите, на 4.2.2022, полициски службеници од СВР Тетово, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, извршиле контрола во возило „форд“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници, без да поседува лиценца.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М. И. (61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.