Пристигна првиот дел од најавените 250.000 Фајзер вакцини.

Министерот за здравство, Беким Сали информираше дека во земјава пристигнал првиот дел од најавените 250 илјади вакцини Фајзер, кои се донација од Италија.

-Оваа донација е во соработка со Ковакс системот и УНИЦЕФ. Вакцините се сигурни и безбедни. Транспортот е со ладен ланец до петте точки, каде што ќе бидат сместени и ќе ни бидат потребни. Ова е прв дел од донацијата, рече Сали.

Тој упати благодарност до медиумите што го поддржуваат министерството и властите за имунизација на населението.

-Единствен начин за заштита од пандемијата е вакцинацијата. Вториот дел од пратката вакцини ќе пристигне во среда, појасни Сали.