Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на генералниот секретар на таа партија, Миле Зечевиќ, бараат од ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат дека тој бил позитивен на Ковид-19 и како што велат, ширел зараза на настани во Охрид.

Од опозициската партија јавно повикуваат, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова, како што велат, да се однесува како што ѝ прилега на позицијата која ја држи и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ.

„Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона. Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини“, се наведува во партиската реакција.

Претходно директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат изјави дека Зечевиќ не е во системот на тестирани лица од 19 јануари.

Според опозициската партија, тој официјално бил позитивен на корона од 20 јануари, што би значело дека требало да се тестира на 19 јануари, за да добие позитивен тест ден подоцна.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Бухова дава политички изјави и се става во позиција на портпарол на СДСМ.