Во шорткастот „Интеркултура”, Артан Садику, претседател на Јадро – Асоцијацијата на независната културна сцена, посочи дека секоја година Македонија има поголем државен буџет, а буџетот за независната културна сцена се намалува.
„Не значи дека нема средства. Прво, нема волја за да се распределат средства за независната културна сцена. Она што се случува со одредени манифестации покажува дека кога има волја се наоѓаат средства од различни извори“, вели Садику.
Од друга страна, тој истакна дека кај сите други држави во регионот во последните 10 години, секоја година се зголемува поддршката за независниот културен сектор, за независната културна сцена, само во Македонија оваа поддршка се намалува.
„Тоа покажува, од една страна, промена на културните вредности и културната матрица на властите, кои не сакаат таа сцена да биде толку ојачана, да биде присутна, и оттаму волјата за било какво стратешко партнерство секоја година се намалува доскоро да не постои воопшто“, оцени Садику.

















