Советничката за надворешна политика на премиерот Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, јавува Бугарската национална телевизија по потврда од Владата на Република Бугарија.
Чернева била во Скопје по наредба на премиерот Петков. Целта – подготовка за претстојната посета на Петков во Скопје овој месец, се наведува во одговорот за БНТ.
Кирил Петков најави дека по заклетвата на новиот кабинет во Скопје ќе се сретне со Димитар Ковачевски кој го наследи Зоран Заев.
Во меѓувреме, организации на Бугарите од Република Северна Македонија испратија писмо до сите бугарски институции вклучени во преговорите со Скопје.
За време на посетата кај претседателот Радев порано оваа година, организациите ја поддржаа позицијата на Бугарија за почетокот на преговорите на РС Македонија со Европската унија и побараа помош од претседателот по прашањата за почитувањето на нивните права во Република Северна Македонија, говорот на омраза и историските фалсификации.
На 10-ти јануари, претседателот Румен Радев ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за ова прашање, за да разговара за рамката на односите со Скопје.
Извор: Трибуна