Во февруари 2020 екс премиерот Зоран Заев отиде во Арачиново  за надзор на  воведувањето канализација. Притоа Заев рече дека е задоволен  од сработеното а еден од работниците рече дека за една година работите ќе завршат, јавува ТВ 21.

И по две години проектот за канализација и водовод  не е завршен и немањето вода за пиење и натаму е главен предизвик за жителите на Арачиново.

„Ниту канализацијата не е пуштена, н а  главните улици ги поставија цевките, но на помалите улици не, се  уште не работи. Водоводот е запрен од минатата година и нема веќе“, вели граѓанин.

„Главен проблем е  водата и канализацијата, тоа  е главно, нема вода во Арачиново“, додава граѓанин.

„Водоводот…немаме водовод, ретко доаѓа в ода, немаме“, посочи граѓанин.

Новиот градоначалник на Арачиново вели дека  системот за канализација и водовод е  во алармантна состојба. Завршена е само првата фаза, ветувајќи дека ќе стори се са го реши овој дамнешен проблем на жителите.

„За жал,   се уште е во алармантна состојба. Првите денови од мандатот и писмено  ги известив институциите, во случајов и Министерството за животна средина и ЦУК, бидејќи навистина прашањето со канализацијата по првата фаза, или на главните улици каде е направена мрежата, мислам дека  втората и третата фаза не се реализирани и мислам дека тука секако ќе треба и централната власт да го сфати сериозно ова прашање“, вели Ридван Ибрахими.

Во 2020 по неколку месеци  во Арачиново  повторно се собраа неколку министри заедно со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и екс градоначалничката Миликије Халими  во надзор  на градежните работи   за канализацијата. Тие рекоа дека работите треба да завршат во март 2021 а за проектот владата издвои 1.7   милиони евра.