Адвокатот Љупчо Шврговски кој сега го брани Сашо Мијалков бара од Обвинителството да го гони министерот за правда Бојан Маричиќ за мешањето околу притворот на поранешниот шеф на УБК.

Според адвокатите на Мијалков, министерот Маричиќ со објавувањето имиња на судии, директно се вмешал во работата на судската власт. Тие се сомневаат дека министерот за правда имал директен контакт со некој од судиите, кои одлучувале за притворот на поранешниот директор на УБК.

Според неговите адвокати Мијалков нема намера да се даде во бегство.