Премиерот Зоран Заев е одговорорен за дополнитело влошување на односите со Бугарија со делење на флаери против кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, како градоначалник на Петриќ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миље Лефков, во интервју за Тв Шења и за порталот Zoom.mk.
Пратеникот Лефков верува дека со зачувување на македонските црвените линии усвоени во Собрание и со нормализирање на комуникацијата со Бугарија, може да биде решен спорот на задоволство на двете страни.
Тој верува дека ако земјата имаше надворешна политика која сакаше да ја внесе Македонија во Европската унија, ќе имавме резултати.
„Ако имате надворешна политика која има за цел да му носи поени на Али Ахмети и на Зоран Заев како гаранти на европските вредности и безбедноста во Македонија, тогаш ќе имате вето и блокади. Јас не се сомневам дека дел од влошените односи се поради потребите на Заев и на Ахмети да се претставуваат како ослободители и како прогресивци“, смета Лефков.
Во врска со почитување на договорот за добрососодство со Бугарија, каде стои дека двете земји имаат заедничка историја, Лефков вели дека историјата е наука и неа не можат да ја менуваат политичарите.
„Ние можеме да признаеме како политичари дека имаме заедничка историја, можеби и споделена историја, меѓутоа на крајот на денот ние како политичари не можеме да ја менуваме науката, во споритвно ќе влееме во среден век и воведување на одредени догми. Моето мислење е дека сите тие прашања околу догоорот со Бугарија се проблематизира затоа што немаме став“, смета тој.
Според него, со промена на власта и со новата влада ќе се зближуваат односите со Бугарија бидејќи на историчарите ќе им се остави историјата, а политичарите ќе се борат против корупцијата.