Крис Џенер се појави на црвениот тепих во Рим, носејќи модно парче од архивата – наметка што иконската Елизабет Тејлор ја носела пред речиси половина век.

Крис Џенер, која во последните месеци се соочи со критики поради својот нов изглед и „најскапото лице“, на социјалните мрежи покажа посебно модно парче што некогаш ѝ припаѓало на легендарната актерка Елизабет Тејлор.

Станува збор за раскошна наметка со мотив на шкорпија, која Тејлор ја носела во 1969 година на прославата на 40-тиот роденден на принцезата Грејс од Монако.

Џенер откри дека наметката сега е дел од нејзината приватна колекција и дека одлучила да ја облече на црвениот тепих во Рим, каде што се појави заедно со својата ќерка, Ким Кардашијан.

Наметката е креација на модната куќа Tizia i Roma, а Елизабет Тејлор ја носела на забава наречена Sco pio Ball, одржана во 1969 година во Монте Карло. Прославата била позната по едно необично правило за гостите: покани добиле само оние родени во хороскопскиот знак Шкорпија, како и оние што биле во брак со некој роден во тој знак.

Тејлор пристигнала на забавата со својот сопруг, Ричард Бартон, кој бил роден во знакот Шкорпија.

Наметката е изработена од црно кадифе, има капуљача и е украсена со две светкави шкорпии. За појавувањето во Рим, Џенер ја искомбинирала со бел фустан, долги ракавици и дијамантски накит.

Ја носела и Ким Кардашијан.Интересно е тоа што Крис ја купила наметката на аукција, а подоцна ѝ ја позајмила на Ким Кардашијан за снимањето на втората сезона од серијата „All’s Fai “. Откако креаторот на серијата, Рајан Марфи, ја дознал приказната зад наметката, одлучил во сценариото да вметне забава – инспирирана токму од настанот на кој Елизабет Тејлор ја носела.

„Спомен што ќе го чувам засекогаш“„Голема чест е што имав можност да ја носам оваа исклучителна архива од модната историја во Рим“, напиша Крис Џенер на Инстаграм.

Таа исто така откри зошто наметката има посебно значење за неа. „Излезе дека и јас сум Шкорпија и се чувствувам многу среќна што го имам ова прекрасно парче од архивата на Елизабет Тејлор во мојата колекција“, изјави таа.