Шефот и основач на германската компанија Бионтек, Угур Сахин, смета дека годишната ревакцинација против корона вирусот во иднина ќе биде доволна.
Тој рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.
Следните ревакцинации, можеби, ќе бидат потребни само еднаш годишно, како вакцината против грип – објасни Сахин.
Сахин рече дека заштитата од вакцината почнува да опаѓа од четвртиот месец.
Сепак, неодамнешните објавени студии покажаа дека заштитата од сериозни болести е висока до деветтиот месец.
Бустер дозата ги штити вакцинираните од болести, но помага и да не се развие понатамошен синџир на инфекција – рече Сахин.
Тој посочи дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната тешка зима.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.