Румен Радев го освои вториот претседателски мандат откако убедливо го победи противкандидатот Анастас Герџиков во денешниот втор круг од изборите во Бугарија. Според излезните анкети, Радев освои 64% од гласовите, со што ја задржа двојната предност од првиот круг.
Ова беа четвртите избори во Бугарија во изминатите осум месеци, по трите парламентарни, и излезноста беше околу 30%.