Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков веќе ја прославува победата во Охрид.  Пецаков вели дека победата не била неочекувана.

„Сите кои живеат во Охрид недвосмислено ја испраќаат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, вели Пецаков пред изборниот штаб и додава дека разликата меѓу него и противкандидатот, актуелниот градоначалник Константин Георгиевски е огромна.