Норвешката полиција уапси маж осомничен за убиство на пет лица и за ранување на две други со лак и стрела во Конгсберг, на југоистокот на земјата. Според полицијата, напаѓачот дејствувал сам и не се трага по други лица. Мотивите за нападот, кој се случи на неколку локации во центарот на Конгсберг, сѐ уште не се утврдени. Полицијата не соопшти детали за осомничениот освен дека станува збор за маж кој бил однесен во полициската станица во блискиот град Драмен.

Advertisements

„Извештаите што доаѓаат вечерва од Конгсберг се застрашувачки, Разбирам дека многу луѓе се плашат, но важно е да се нагласи дека полицијата сега ја има контролата“, рече премиерката Ерна Солберг.

Прикажи повеќе