Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја и сопствена држава“, кажа претседателот Стево Пендаровски на Могилата на непобедените во Прилеп, на одбележувањето на 80-годинината од 11 Октомври – Денот на народното востание, почетокот на Народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

„На 11 октомври 1941, борците на партизанскиот одред ‘Гоце Делчев’ го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава. За надидеолошкиот карактер на борбата, зборува и фактот дека партизаните на слободните територии не инсталирале комунистички режим, туку создале нови органи на народната власт, како никулци на идната слободна македонска држава“, рече Пендаровски и додаде:

„Над 1.100 споменици на антифашистичката борба низ цела земја, се најсилен доказ против секој вид историски ревизионизам“.