Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе Грција, а потресот бил почувствуван и во Македонија.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 8:47 часот, со епицентар на 140 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места, со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале потресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, со што ќе придонесат во сеизмолошките истражувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.






















