-Подеднакво загрижувачки се пораките кои стигнаа од Европската унија. А тоа се дека иднината на Западниот Балкан е се понеизвесна, како и тоа дека дури и 2030-та година не можеме да очекуваме целосна интеграција на Западен Балкан и нашата Македонија во Европската унија, 2030-тата година, а се сеќавате дека пред само три години СДСМ не убедуваше дека европската иднина е загарантирана и дека датумот само што не сме го добиле, се сеќавате на она слика од авионот пред три години, ние во суштина три години преговараме и само што не сме станале земја членка, ама ние тоа не го знаеме, тоа е само во главата на вмровците, а додека Заев, Османи и Димитров се веќе таму, ама таму со дебелите паричници со тешко спечалените народни пари, рече Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Петровец.

Мицкоски рече дека не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција ЕУ стана далечна цел.

-А се сеќавате, ни викаше излезете за Европска Македонија – и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваше дека ќе обезбедел бесплатни студии во Европа, 250 илјади евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не. Не само што нема ништо од тоа, туку ако може уште воздухот ќе му го наплаќа на народот, појасни Мицкоски. Мицкоски порача од Петровец дека уште пострашно е што државата на чело со СДСМ нема цел кон која се движи, како и тоа дека со СДСМ нема Европска унија, зашто има криминал, сиромаштија и нема систем, не може да сме најкорумпирана земја во Европа, а да сме дел од ЕУ.