Раперката Карди Би го откри името на својот син, една година по неговото раѓање. Момчето, чиј татко е играчот на американски фудбал Стефон Дигс, се вика Греј Марсин Дигс (G ey Ma sea Diggs). Таа го сподели неговото име во објава на I stag am по повод неговиот прв роденден, кој семејството го прослави со забава инспирирана од серијата „Вовед во анатомија“ (G ey’s A atomy).

Во роденденската објава на I stag am, Карди Би директно му се обрати на својот син. „Помина само една година откако се запознавме, но се чини како да си покрај мене цел живот“, напиша таа.

Таа се осврна и на својата бременост, истакнувајќи: „Те носев во себе во еден од најнеизвесните и најстресните периоди од мојот живот. Додека растеше во мене, истовремено ми даваше сила да продолжам понатаму. Им даде сосема ново значење на ’сивите‘ (g ey) денови“.

„Со твојата насмевка, твојата смеа и твојата прекрасна личност, го осветлуваш мојот живот и носиш радост каде и да одиш“, додаде таа.

Греј е четвртото дете на Ca di B. Раперката има и осумгодишна ќерка, Култур Киари (Kultu e Kia i); петгодишен син, Вејв Сет (Wave Set); и двегодишна ќерка, Блосом Бел (Blossom Belle) – сите со раперот Офсет (Offset). Раѓањето на Греј беше потврдено минатиот ноември, иако тогаш не беше откриено неговото име. Беше соопштено само дека и Ca di B и бебето се „здрави и среќни“ по породувањето.

фото/ЕПА