Роботи со вештачка интелигенција се грижат за фармите во Калифорнија поодржливо отколку што тоа го прави традиционалното земјоделство. Ваков е проектот на компанија „Ајрон окс“ во Силиконската долина во САД.

Извршниот директор на комапнијата, Брендон Александар, секое лето од детството го минувал на имотот на своите во Тексас, одгледувајќи памук, компири и кикирики. Потоа дипломирал во областа на информатичките технологии. Со ова знаење, Александар почнал бизнис со самостојно земјоделство во 2018 година, во Гилрој, Калифорнија.

За да го елиминираме отпадот и за навистина да го достигнеме следното ниво на одржливост и влијание, треба да го преиспитаме целиот процес на одгледување – вели Александар.

Целта на новата земјоделска технологија е да го направи земјоделскиот сектор независен од јаглерод. Досега се обезбедени 47 милиони евра (53 милиони американски долари) од инвеститори.

Во стаклена градина на компанијата, со помош на роботите Гровер и АДА, се одгледуваат босилек, јагоди и други култури, користејќи хидропонски систем.

Податоците за земјоделските култури постојано се собираат за вештачката интелигенција да научи што им треба на растенијата, во смисла – подобрени приноси и намалено негативно влијание врз животната средина. Така, пријавените придобивки покажуваат 30 пати зголемен раст во споредба со нормалните фарми co користење на 90 отсто помалку вода и струја.

Земјоделството досега е втората најголема причина за глобалното затоплување.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.