Денеска во Вила Водно, кај претседателот на државата Стево Пендаровски се одржува состанок на Советот за безбедност. Самиот претседател се огласи на социјалните мрежи за темите на состанокот:

-Пред малку започна 13-тата седница на Совет за безбедност. Со членовите на Советот, со директорите на АНБ, АР, ЦУК и ДЗС – Димовски, Муслиу, Ангелов и Максути и со Зоран Петров, национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, разговараме за цивилите од Авганистан прифатени на нашата територија, како и за поставеноста на системот за управување со кризи, напиша Пендаровски.