Денес сакам да најавам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе достави предлог одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче заради лошиот менаџмент на здравствената криза која што кулуминираше со трагичниот случај на новоизградената болница во Тетово која што се запали и за жал однесе 15 човечки животи, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Оваа предлог одлука ја засноваат на членот 68 од Уставот на Република Македонија, а слична таква предлог одлука доставиле оние кои што денеска ја критикуваат односно пратеничките групи на СДСМ и НСДП во 2013 година, 25 октомври врз основа на овој член доставиле предлог одлука за разрешување токму на оваа уставна норма.

Она го кажа Претседателот на Собранието, господинот Талат Џафери дека тој ќе одбие една ваква предлог одлука како неоснована, ние имаме едно прашање за господинот Џафери. Дали господинот Џафери е избран од граѓаните кои што треба да ги штитиме или тој е избран за да ги штити министрите? После една ваква катастрофа кава што беше горењето на болницата во Тетово, сметаме дека Талат Џафери треба да се стави во улога на заштита на граѓаните и конечно да искаже политичка воља оставката на Венко Филипче да биде констатирана во Собранието бидејќи после една ваква катастрофа најмалку што може Собранието да направи за граѓаните е да ја констатира оставката на Филипче, а потоа истражните органи да си ја водат работата кон тоа дали и кој сноси кривична одговорност, вели Милошоски.