Зоран Заев денеска по обраќањето на Енергетскиот форум Македонија 2021, зборуваше за трагедијата во ковид-болницата во Тетово.
Тој кажа дека загубата е огромна, но и дека не мисли дека целата Влада треба да си поднесе оставка.
„Огромна е трагедијата, загубата е огромна. Најтешко им е на семејствата на загинатите“, рече Заев и дополни:
-Не мислам дека цела влада треба да си поднесе оставка“, изјави Заев.
На новинарско прашање дали министерот во оставка Венко Филипче и натаму доаѓа на работа, Заев одоговори:
„Филипче доаѓа на работа, се додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер тие ќе ги извршуваат обврските“, рече Заев.
На крајот Заев кажа да се остават професионалците да ја завршат работата, и потоа ќе бидат дадени сите одговори околу трагедијата во Тетово.