Полицијата најави кривична пријава против 59-годишна жителка на скопско село, позитивна на ковид-19, која вчера околу 13 часот самоволно го напуштила преку прозорец гостиварското Инфективно одделение.

Од МВР велат дека дека по пријавата на случајот жената набргу била пронајдена и вратена на натамошно лекување.

„Се расчистува и документира случајот и против неа ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик“, велат од МВР.