Марк Закерберг повторно стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, овојпат поради начинот на кој пие пиво. Снимка на која првиот човек на „Мета“ пробува „Гинис“ предизвика лавина коментари, а многумина се пошегуваа дека Закерберг сè уште учи како да се однесува како човек.
Снимката е направена за време на неговото гостување во технолошкиот подкаст „Cheeky Pi t“, чиј водител е Џон Колисон, коосновач на компанијата „Страјп“. Во разговорот учествувал и Александер Ванг, директорот за вештачка интелигенција во „Мета“, а главна тема биле плановите на компанијата во оваа област.
Бидејќи подкастот е замислен како опуштен разговор за технологија со пиво, Закерберг решил да донесе буре „Гинис“ од Даблин. Меѓутоа, наместо дискусијата за вештачката интелигенција, вниманието на интернет-корисниците го привлекол моментот кога тој ја подигнал чашата и се напил.
Неговото вкочането држење, стиснатите усни и гримасата по голтката биле доволни за да започнат шегите.
Ma k Zucke be g p ete di g to e joy Gui ess is my ew favou ite thi g. https://t.co/y570hFF0V6
— Ma k Malo e (@sou dmig atio ) Octobe 12, 2026
„Сигурно размислува: ‘Што би направил вистински човек сега?’“, напишал еден корисник.
„Зак сè уште учи како се прават човечки работи“, додал друг.
„Најдобриот дел е како по голтката ја оддалечува чашата што е можно подалеку од себе“, забележал трет.
Друг корисник се пошегувал дека неговиот „роботски мозок се обидувал да сфати дали темната течност е кока-кола или кафе“.
@sou dmig atio The best pa t is how afte the sip he places the pi t as fa f om himself as possible https://t.co/0YFHKx47YA
— PDX’e (@pdxe 25) Octobe 13, 2026
Ова не е првпат Закерберг да биде споредуван со робот. Слични реакции предизвика и во 2018 година, кога сведочеше пред американскиот Конгрес за постапувањето на „Фејсбук“ со корисничките податоци. Неговото однесување и начинот на кој пиеше вода тогаш станаа интернет-мем.
Во 2022 година, гостувајќи кај Џо Роган, Закерберг се осврна на тие шеги, објаснувајќи дека сведочењето пред Сенатот не е ситуација во која човек може да изгледа природно. Тој додаде дека по шест или седум часа испрашување секој би можел да направи необична гримаса.
Сепак, дел од интернет-корисниците сметаат дека неговата реакција има многу поедноставно објаснување – можеби едноставно не му се допаднал вкусот на „Гинис“, темно пиво со карактеристична горчина.
Но, за оние што со години се шегуваат на сметка на Закерберг, тоа не е доволно забавно објаснување.
„Неверојатно е како секојпат кога ќе се обиде да направи нешто човечко, едноставно се расипува“, заклучил еден коментатор.












