Христијан Мицкоски на својот „Фејсбук“ објави статус по повод најновата ситуација со коронавирусот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ напиша дека Филипче најавил крај на епидемијата во август или септември, а денеска имаме голем раст на новозаразени и на починати.

„Пред 45 дена не убедуваше по петти пат дека во август или најдоцна на почетокот на септември ќе прогласеле победа над епидемијата, а денес имаме нови 588 заболени и 8 починати.

Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20тиот век.

Го поделија народот за пусти пари и власт. Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага. Прашуваат што треба: треба систем кој подразбира системски чекори. Она што го имаме денес е справување со последиците од немањето систем. За жал тоа и овој пат се плаќа со човечки животи…Одговорност ќе има…, затоа за нешто повеќе од 2 месеци граѓаните одлучуваат дали оваа неспособност, безидејност, криминал, корупција, срам и понижувања ќе продолжат или нови луѓе со нова енергија, знаење и цели ќе ја вратат Македонија на победничките патеки“, напиша Мицкоски.