Денеска во 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи ги достави до Државната изборна комисија податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, со што го испочитува законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик, напиша министерот Оливер Спасовски.

Со ова Државната изборна комисија сега ги има податоците од граѓаните, со оглед на тоа дека локалните избори во октомври 2021-та ќе бидат први во историјата на нашата држава кои ќе се одржат со отпечаток од прст.