Сообраќајот на граничниот премин „Евзони“ меѓу Македонија и Грција, моментално е затворен за сообраќај, откако пожар зафатил дел од грчката страна.

Како што јавуваат српските туристи во групата „Live from Greece chat room“ на Вибер, сообраќајот е моментално во застој и се создале колони гужва.

За сега не е познато што го предизвикало пожарот, ни што е запалено.

Според непотвдени информации, сообраќајот се пренасочува на граничниот премин Дојран.

„Евзони е моментално затворен поради пожар“, напиша Срѓан кој постави и фотографии.