Илјадници луѓе се собраа во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени. Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата.

Во Сиднеј демонстрантите, без маски на лицата, прошетаа од паркот Викторија до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше Слобода и Вистина.  Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протести.

И во Мелбурн илјадници луѓе без  маски излегоа во центарот на градот и извикуваа слобода. Австралијците сметаат дека не станува збор за вирус, туку целосна контрола на владата врз народот.

Протестите доаѓаат по одлуката на властите да ги вратат рестриктивните мерки, меѓу кои и карантин поради наглото зголемување на бројот на инфицирани, пред се со новиот Делта сој.