Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека на скопјани не им е важно кога ќе бидат локалните избори, дали на 17-ти или 31-ви октомври, тие знаат за кого ќе гласаат и кого ќе изберат. Како што вели тој, тие се подготвени и има што да излезат пред скопјани.

– Што се однесува до скопјани, јас знам дека им е сосема сеедно дали изборите ќе бидат порано или на 31 октомври, затоа што знам дека ќе изберат континуитет во дејствувањето и функционирањето на градот. Ние сме спремни. Имаме и со што да излеземе пред скопјани. Имаме што да понудиме како продолжение, како континуитет на оваа успешна скопска приказна, потенцира Шилегов на денешната прес-конференција по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Лука Геров“ во Општина Петров.