Мајка на две деца, која не била вакцинирана против вирусот корона, бидејќи се плашела од несакани ефекти, починала откако се заразила со делта сојот.

Четириесетипет годишната Триша Џонс од Мисури не сакала да ја прими вакцината откако слушнала извештаи за луѓе кои страдаат од ретки несакани ефекти, како што се згрутчување на крвта или воспаление на срцето, и решила да почека. Сепак, во пролетта оваа година, таа се заразила со делта варијанта на ковид19 и никогаш не се опоравила, пренесува FOX 4.

Таа била хоспитализирана, ставена на апарати за дишењ, но набргу починала. Повикувајќи се на искуството по се што поминале, нејзиното семејство сега апелира до јавноста да се вакцинира.

Нејзината мајка Дебора вакцината ја примила на пролет, кога нејзината возрасна група била на ред. Сепак, нејзината ќерка била неодлучна и сакала да почека.

„Таа се плашеше од несакани ефекти“, изјавила Дебора за FOX 4.

Во април, синот на Триша се разболел од вирусот во средно училиште, а подоцна било откриено дека неговата инфекција е поврзана со сојот делта. На Триша и нејзиниот сопруг Кит наскоро им се слошило.

– Откако се разболе, таа ми рече дека сум во право за вакцината, маските и другите работи. И реков дека не сакам да бидам во право. Само сакав таа да биде добро – изјавила мајката на Триша.

Триша била ставена на апарати за дишење на 13 мај. Иако симптомите на Ковид во голема мера исчезнале, нејзината респираторна состојба не се подобрила и починала на 9 јуни.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.