Првиот вицепремиер и член на ДУИ, Артан Груби, за Плусинфо изјави дека ДУИ нема ништо против Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија, но како што вели нивниот услов е таа да биде усогласена помеѓу сите партии.

– Ништо не ни пречи, ја поддржуваме. ДУИ веќе 20 години ги застапува интересите на Албанците, Македонците и на сите граѓани и затоа денес сме во НАТО и на чекор до ЕУ. Бараме само текстот да биде усогласен со сите парламентарни партии, што е претходна пракса при усвојување на вакви Резолуции и да не претставува дополнителна пречка во билатералниот спор, вели Груби за Плусинфо.

Резолуцијата досега доби поддршка од СДСМ, Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП, додека опозициските Алијанса за Албанците и Алтернатива засега се воздржани.