Портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека ќе ја прифатат Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија, таква каква што е, односно каква што беше презентирана во медиумите. Порачува дека тие како пратеници, но и како партија од ВМРО-ДПМНЕ не добиле бикаков документ, односно резолуција, сепак порачува доколку на опозицијата и Мицкоски им е потребна потврда во Парламентот за позициите за македонскиот јазик и идентитет, тогаш ќе ја прифата резолуцијата.

-Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во Парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е каква што всушност и видовме од медиумите. Затоа што официјален предлог до нас како пратеници нема. Значи согласно Уставот, ВМРО ДПМНЕ треба официјално до секој пратеник  да ја испрати резолуцијата и секако ние, како одговорно мнозинство, ќе ја прифатениме таква каква што ја гледаме во медиумите. Со тоа би сакал да соопштам дека избиваат на површина буквално  сите лаги кои ги пласираа ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицковски во однос на национално предавство, во однос на загрозувањето на нашиот македонски јазик и идентитет, вели Костадинов.