Убедена сум дека иднината на Западен Балкан e во вистинска обединета Европа, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по повод претстојниот виртуелен самит од Берлинскиот процес, закажан за понеделник, на кој домаќин е Германија. Меркел, во видео порака посочи дека се уште има многу предизвици на Западен Балкан, дека недовербата и национализмите не исчезнале, а билатералните спорови можат да се разгорат во секој момент, поради што е потребно помирување. Тоа, вели таа, значи надминување на минатото и правење на се што е можно за идните генерации да живеат во мир.

Advertisements

“Западен Балкан е непосреден сосед на ЕУ. Тој е дел од Европа, каде раните од војните се уште не се залечени, а голем број граѓани од таа област живеат и во Германија. Јасно ми е дека земјите од ЕУ мора да имаат интерес за мирен развој на Западен Балкан. Ние сме одговорни практично да се залагаме за развој на тој дел на Европа”, изјави Ангела Меркел, Германска канцеларка.

Прикажи повеќе