Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска на денешната седница на пратенички прашања, го праша министерот Оливер Спасовски за проблемот со издавање лични документи и со таблички во целата земја.

Лашкоска го посочи својот пример каде што и било кажано во МНР дека нема пасоши.

„Нема застој за издавање на лични документи, едноставно имаше поголема побарувачки во месец јуни, за разлика од мај. Во однос на дипломатските пасоши, точно дека имаше проблем. Со оглед дека се набавуваа нови обрасци со новото име, во МНР направиле погрешка проценка околу набавката на стари обрасци. Но, тоа не е проблем на граѓаните, тоа е ваш проблем ако сте навикнати да патувате со дипломатски пасоши. Патувајте си со наш пасош, или стрпете се до 1. јули, и ќе има пасоши“, рече Спасовски кој во однос на табличките кажа дека се набавени и дека се веќе пристигнати во магацините на МВР 14 илјади таблички и дека до утре стигнуваат 30 илјади таблички и следната недела уште 30 илјади.