Американскиот актер Дин Норис, познат по улогата на Хенк Шрејдер во популарната серија „B eaki g Bad“, се разведува од сопругата Бриџит по 25 години брак, а двојката истовремено се соочува и со сериозни финансиски проблеми, објави ТМЗ.

Според судските документи, Бриџит поднела барање за развод во 2025 година во Калифорнија, наведувајќи непремостливи разлики. Двојката се венчала во октомври 2001 година, а се разделила во јануари 2025 година.

Заедно имаат пет деца, од кои две се малолетни. Бриџит бара заедничко правно и физичко старателство над нив, финансиска издршка од сопругот и судска одлука за поделба на заедничкиот имот. Постапката за развод сè уште не е завршена.

Покрај брачните проблеми, Норис и неговата сопруга се соочуваат и со финансиски тешкотии поврзани со ресторанот „Swi g I Cafe“ во Калифорнија, кој го купиле во 2022 година.

Компанијата што управува со ресторанот поднела барање за стечајна заштита, со цел реструктурирање на долговите и продолжување на работењето.

Според судските документи, приходите на ресторанот се намалиле за еден милион долари меѓу 2024 и 2025 година. Компанијата пријавила имот вреден меѓу 100.000 и 500.000 долари, додека нејзините долгови се проценуваат на еден до десет милиони долари.

Норис и неговата сопруга со години го држеле приватниот живот подалеку од јавноста, а покрај ресторанот, управуваат и со центар за изведувачки уметности.