Меѓунaродната заедница е разочарана што Северна македонија и Албанија нема да почнат преговори за членство во ЕУ.
Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека неспорно е дека сите сакаат отворањето на преговорите што е можно побрзо, но повика на трпение.
„Напредок е направен, но работата мора да продолжи, што е можно побрзо и задачата сега ќе премине на словенечкото претседателство за придвижување и решавање на ова прашања, со цел да се отворат преговорите, што е можно побрзо“, рече Гир.
Германската амбасадорка Холштај е уште поексплицитна, ЕУ мора да да го оддржи зборот. Во ист тон збореше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, која е разочарана од вчерашната одлука.
Брнз тврди дека целите на САД на Балканот остануваат јасни и непроменети попрачувајќи дека во иднина регионот го гледаат во мир со своите соседи, стабилен и целосно интегриран во евроатлантската рамка.