Малку се американските претседатели кои влегле на оваа позиција со толку многу поминати километри за време на меѓународните патувања, како што е Џо Бајден, пишува бриселскиот портал „Политико“.
За време на неговиот мандат како потпретседател на Соединетите држави, Бајден помина повеќе од 1,6 милиони километри на патувања во 57 земји во светот.
Додадете на тоа стотиците патувања направени додека служел како член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот од 1970-тите и може да се каже дека Бајден има најголем отпечаток на јаглерод од сите жители на Белата куќа.
Многу од овие патувања беа во Европа, која „отсекогаш имала посебно место во срцето на Бајден“. Затоа не случајно неговото прво патување во странство беше всушност патување на тој континент, пишува „Политико“.
Според порталот, официјалната цел на патувањето на Бајден може да биде да им покаже на европските сојузници „малку љубов“ по нападите што ги претрпеа под неговиот претходник. Но, Бајден навистина ја сака Европа.
Тој ентузијазам беше опиплив во текот на претходните години, кога и да ја посетуваше својата татковина во Ирска, кога присуствуваше на Конференцијата за безбедност во Минхен или кога ги посети најоддалечените делови на Балканот, односно сите места на кои повремено се враќаше.
Пет места кои Бајден во Европа најмногу ги сака се Ирска, Балкан, седиштето на НАТО, Минхен Унгарија.
„Политико“ наведува дека многу американски политичари имаат ирско наследство и дека двајцата родители на Бајден било со ирско потекло.
Друго европско катче во кое Бајден е „испреплетен“ професионално и политички е поранешна Југославија, регион полн со историски поделби кои, како што наведува „Политико“, не се разликуваат од Ирска. Весникот потсетува дека Бајден ги посочи овие паралели во неговиот говор во 1999 година, по што следеше агресијата на НАТО врз Југославија.
Порталот наведува дека Бајден никогаш не се откажал од Балканот, враќајќи се на него повторно и повторно, и долго откако повеќето западни политичари го изгубиле интересот.
„Балканот не е споредна стратешка мисија“, им рече тој на колегите во Сенатот по посетата на регионот во 2001 година.
„Југоисточна Европа останува централно за безбедноста на целиот континент, а со тоа и на Соединетите држави“, додаде тогаш.
Откако стана потпретседател во 2009 година, Бајден повторно го посети регионот. Бајден го посети Косово во 2016 година поради отворањето на новиот автопат именуван по неговиот покоен син Боу, кој своевремено волонтираше во Косово.