Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на Република Северна Македонија во главниот град Братислава, со што ќе биде официјализирано нашето дипломатско претставување во оваа пријателска држава.

Амбасадата ќе биде официјално отворена во 14:00 часот, во присуство на министерот Бујар Османи и неговиот словачки хомолог, министерот за надворешни и европски работи Иван Корчок.

За време на овој свечен настан, двајцата министри ќе имаат можност, покрај билатералните односи да разменат мислења и за европското досие на земјава, со фокус кон можностите и поддршката за реализација на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите, со одржување на првата меѓвладина конференција.